Активирана е клаузулата: Спортинг го „затвори“ Ристовски, Македонецот е во сопственост на португалскиот гигант

ristovski akcija

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски во летниот преоден рок направи трансфер и од хрватскиот шампион Ријека се пресели во Португалија во тимот на Спортинг Лисабон.

Тој дојде во новата средина како позајмен играч, но веќе сега во септември официјално е во сопственост на Спортинг и тоа откако е активирана чудната клаузула. Португалска „А Бола“ пренесува оти доволен бил само еден настап, повик од тренерот Жорге Жесус во почетната постаава за да трансферот на Стефан стана перманентен.

Десниот бек беше стартер на дуелот против Маритимо во Лига Купот, па сега Спортинг ќе мора да и исплати 2,25 милиони евра како оштета на Ријека, плус уште 250.000 евра ако се исполнат одредени бонуси, а хрватскиот прволигаш ќе земе и одреден процент при евентуалната продажба на нашиот фудбалер.

Договорот на Стефан е тригодишен со можност на продолжување на дополнителни две години.

Facebook Коментари