Поврзете се со нас

Италија

Активирана „бомба“ вредна 50 милиони евра: Јувентус доби прво премиерлигашко засилување во ерата на Мота (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/AVFCOfficial

Јувентус ја испорача првата трансфер „бомба“ во ерата на Тиаго Мота, откако реши да го одврзе ќесето и да плати 50 милиони евра за бразилски репрезентативец.

Даглас Луиз во моментов е во САД и се натпреварува на Копа Америка, но најважната вест поврзана за него се сподели ова попладне, и тоа од страна на клубот кој инвестираше многу за негов ангажман.

Јувентус официјално соопшти дека е постигнат договор со Астон Вила, кој ќе направи играчот за врска да стане член на клубот од Торино од јуни 2029-та година.

Бразилецот доаѓа како големо засилување во средниот ред и играч кој и идеален за фудбалската филозофија на Мота, која во принцип негува отворен и напаѓачки фудбал.

Јувентус ќе го исплати трансферот вреден 50 милиони евра на четири рати, додека во целосно одвоена операција од оваа реализираната, Илинџ Џуниор и Енцо Баренечеа ќе завршат на „Вила Парк“ за 22 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни