Поврзете се со нас

Франција

Ако Мбапе си оди од ПСЖ, Покетино подготвува спектакуларен ангажман на играч кој долго време е на врвот

Објавено

на

blank

Во медиумите се почесто се зборува за можното заминување на Килијан Мбапе од редовите на ПСЖ.

Младиот фудбалер е посакуван од тимот на Реал Мадрид, клуб за кој навива и напаѓачот на парижаните од мали нозе. Од двете страни има обостран интерес за соработка, а за работата да се комплетира треба „кралевите“ да се договорат со челниците на ПСЖ за трансфер обесштетувањето.

„Дејли Мирор“ пишува дека Маурисио Покетино има подготвено замена доколку Мбапе се реши да си замине од клубот.

Станува збор за напаѓачот на Тотенхем и капитен на англиската репрезентација, Хари Кејн кој своите најдобри денови од кариерата ги имаше токму под водство на Маурисио Покетино.

Аргентинскиот стратег ќе ги искористи блиските контакти со Даниел Леви и одличниот однос со Хари Кејн за да го убеди напаѓачот да се приклучи на „Паркот на принцовите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни