Акцијата „Вози право, вози здраво“ повторно го мотивираше Скопје

vozi-pravo-vozi-zdravo-2

Над 2.500 регистрирани учесници продефилираа во акцијата „Вози право, вози здраво“ која по втор пат се одржа низ скопските улици.

На овој начин секој го направи својот избор за чист транспорт: најбројни беа велосипедистите, потоа децата, учесниците со ролерки, скироли, тротинети а не изостанаа и родителите со децата во бебешки колички. На задоволство на сите, ревијалната трка помина во најдобар ред, учесниците пристигаа на целта во градскиот парк задишани но и насмеани по релаксираното возење долж улиците ослободени од возила.

„Стопанска банка АД – Скопје“ во своите заложби како општествено одговорна компанија ја заокружи оваа акција со донација за жителите на Град Скопје, која се состои во урбана опрема, која пак во фокусот ќе ги има овие чисти форми на транспорт и заштита на животната средина.

– Подолг, поздрав и посреќен живот ни е на дофат. Ако сите ние се стремиме да возиме, трчаме, па дури и едноставно да пешачиме наместо да возиме автомобили, ќе имаме долгорочни животни придобивки. Ова беше еден од главните мотиви кои го поттикнаа нашиот тим да го креираат „Вози право, вози здраво“ настанот и да го спроведат со огромна поддршка од јавноста веќе втора година по ред,- рече Диомидис Николетопулос, извршен директор на компанијата.

Настанот заврши со музичко шоу во „Градски парк“, а за добрата забава се погрижи бендот „5+“, потоа Даниел Кајмакоски, како и групата Пеперминт.

daniel-kajmakoski

 

Facebook Коментари