Поврзете се со нас

Шпанија

Акцијата поради која Чави го извади Жоао Феликс уште на полувреме (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Жоао Феликс е огромен фудбалски талент и почна да покажува дел од истиот откако потпиша за Барселона, па иако неговите квалитети никогаш не се доведувале во прашање, дел од фановите на каталонскиот гигант почнаа да ги сфаќаат проблемите кои ги имаше Чоло Симеоне за португалскиот напаѓач.

Тренерот на Атлетико често му замеруваше на Жоао за недоволното залагање на теренот и лошата игра во одбрана, а токму поради ова, Чави вчера го извади Феликс уште на полувреме.

Чави призна дека бил бесен на полувреме од мечот со Алмерија и јасно им го нагласил тоа на сите свои играчи, но негови жртви во тактичките промени беа Жоао Феликс и Кристенсен.

Барселона изгледаше многу подобро во вториот дел и успеа да победи со 3:2, но шпанските медиуми брзо почнаа да ја пренесуваат акцијата поради која Чави го извади Жоао од игра.

При израмнувачкиот гол на Алмерија за 1:1, Феликс не покажа никаква желба да ги следи противниците и да им помогне на соиграчите во одбрана, па таквиот пристап го пресели на клупата за резерви, а Чави го порача ова по натпреварот.

– Нема да вперувам прст кон еден играч, ќе зборувам генерално. Интензитетот во првото полувреме не беше прифатлив, ни недостасуваше агресија. Ако сакаме да направиме нешто, мораме да трчаме како животни, а ние не го правевме тоа во првиот дел. Тој дел од играта беше неприфатлив и јасно им го кажав тоа на играчите, – изјави Чави.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни