Акција од која застанува здивот: Корнерот на Рен се претвори во страшна контра на ПСЖ (Видео)

nejmar-ren

ПСЖ уште една демонстрираше неверојатна сила на домашна сцена и буквално го понижи Рен победувајќи го со 1:6 на негов терен, но сепак она за што зборува цела Франција не е пласманот на „светците“ во наредната рунда во купот, туку страшната акција која ја изрежираа ѕвездите на тимот.

Мбапе, Нејмар и Ди Марија ги поделија головите и секој постигна по два во перфектното издание на тимот на Унаи Емери, но начинот на кој овие тројца го изведоа четвртиот гол на мечот е она што ја воодушеви фудбалска Франција.

Еден корнер на Рен на крајот се претвори во страшна контра на ПСЖ и гол за 0:4, а главни виновници за тоа се Нејмар, Ди Марија и Мбапе кои ни приредија дефиниција за тоа како фудбалот може да биде едноставна игра…

Facebook Коментари