Поврзете се со нас

БИБЛ лига

Академик ја продолжи негативната серија на ТФТ во БИБЛ

Објавено

на

Академик Пловдив ја оправда фаворитската улога на дуелот со македонскиот претставник ТФТ во рамките на БИБЛ (80:75) и останува со перфектен учинок во регионалната кошаркарска лига.

ТФТ го доживеа вториот пораз по ред на гостувањата во соседна Бугарија, продолжувајќи ја негативната серија на натпреваите одиграни на гостински терен.

Академик на полувреме водеше со 39:36, во последниот период ТФТ се приближи на минус четири, но скопскиот тим не можеше да направи повеќе во дуелот со бугарскиот претставник.

Херис со 24 и Хортон со 18 поени биле најефикасни во редовите на ТФТ, додека кај победникот се истакна Николов со 17 поени.

ТФТ останува на две победи, обезбедени во својата сала,  додека Академик е лидер во балканската регионална лига со пет победи од пет натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни