Поврзете се со нас

Македонија

Академија Пандев со фудбалска лекција за Работнички среде Скопје, Силекс ја шокираше Шкендија во 91. минута

Објавено

на

Неделната програма донесе четири натпервари во Првата македонска фудбалска лига, натпреварување во кое второто коло се затвора со Струга како лидер на табелата.

Втората победа во сезоната за стружани беше остварена на гостувањето кај Брегалница со резултат 0:1, но најнеочекуван резултат е оној од Скопје каде се очекуваше неизвесен и тврд натпревар, а видовме се освен тоа.

Академија Пандев му одржа фудбалска лекција на Работнички среде Скопје и победи со 0:5 на националната арена „Тодор Проески“, а изненадувачки резутлат дојде и од Тетово каде Силекс ја шокираше Шкендија во 91-та минута.

Крстевски со хет-трик беше херој за струмичани во големата победа во Скопје, Јанакиевски си постигна автогол, а резултатот го отвори Томовски во 10-та минута.

Шкендија водеше против Силекс до 91-та минута со голот на Елези, но во судиското продолжение за студен туш се погрижи Љамалари. На последниот натпревар попладнево, Тиквеш ја победи Победа во регионалното дерби со резултат 0:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни