Академија Пандев посилна за Илиев

tomislav iliev

Македонскиот прволигаш Академија Пандев го ангажираше првото зимско засилување и тоа е дефанзивецот Томислав Илиев.

Левиот бек доаѓа во таборот на „пандевци“ од поранешниот македонски шампион Работнички. Илиев добро ги познави фудбалските прилики во овој дел и не би требало да има проблем во вклопувањето во новата средина ако се земе предвид дека во минатото беше дел од составот на Хоризонт Турново.

Првиот дел од сезоната Академија Пандев го заврши на четвртото место на табелата со 25 бодови.

Facebook Коментари