Поврзете се со нас

Македонија

Академија Пандев направи пресврт и остана осамена на врвот на табелата

Објавено

на

Академија Пандев останува лидер и по комплетираното четврто коло во Првата македонска фудбалска лига, бидејќи вечерва со пресврт на домашен терен во Струмица успеа да стигне до нови три бода.

„Пандевци“ имаа биланс од три победи и едно реми во воведните четири рунди, а вечерва покажаа и карактер и се вратија од неповолна ситуација на мечот со Ренова.

„Гипсарите“ поведоа со голот на Фатјон Јусуфи во првото полувреме, но во вториот дел, брзо пристигнаа два одговори од домашната страна, доволни за пресврт и победа.

Андреј Стојчевски израмни на 1:1 на самиот старт на второто полувреме, а Кристијан Велиновски го комплетираше пресвртот со гол за 2:1.

Со десет освоени бода по четири рунди, Академија Пандев е осамена на врвот, пред Струга која има осум бода по денешната победа над Шкупи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни