Поврзете се со нас

Балкан

Академија Пандев и Васоски си посакаа среќа, „тетовче“ продолжува во Сараево

Објавено

на

Сега веќе нема никакви дилеми дека Александар Васовски ќе биде нов тренер на босанскиот гигант, Сараево.

Досегашниот стратег на Академија Пандев, преку својот фејсбук профил упати благодарност за фудбалерите и соработниците со кои работеше во Струмица, а не избежно беше да го спомене и сопственикот на клубот, Горан Пандев.

– Огромна благодарност до фудбалерите, моите соработници и управата на Академија Пандев за прекрасната соработка во изминатава година. Огромно благодарам и за нашата фудбалска икона, Горан Пандев, кој ни овозможи одлични услови за работа.

– На Академија Пандеви посакувам да ги оствари своите цели оваа сезона. Клубот и градот Струмица вечно ќе бидат во моето срце. Ви Благодарам !, -напиша Васоски на социјалните мрежи.

Благодарност за соработката, а воедно и официјализирање на прекинувањето на соработката стигна и од самиот клуб, Академија Пандев.

– Академија Пандев и тренерот Александар Васоски спогодбено се разделуваат. Желбата на Васоски ќе ја испочитуваме и му посакуваме големи успеси во новиот тренерски предизвик во Сарајево. Шефе ти благодариме за соработката, -стои во објавата на фудбалскиот клуб од Струмциа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни