Поврзете се со нас

Македонија

Академија Пандев го промовираше наследникот на Васоски

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Академија Пандев и официјално го соопшти наследникот на Александар Васоски на клупата на оваа сезона.

Како што е познато Васоски го прифати повикот и замина во Сараево, па постоеше дилема кој ќе застане на неговото место за да на крајот клубот од Струмица се реши за Ѓорге Стојчев. Стојчев е дел од Академија Пандев од самото формирање, има работено како тренер во младинските категории, а потоа им беше асистент во првата екипа на Југослав Тренчовски, Александар Таневски и Васоски.

Пандевци порачаа дека за нив Стојчев во моментов е најдобро решение, односно имаат целосната доверба во него.

Академија Пандев го заврши првиот дел од шампионатот на второто место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни