Поврзете се со нас

Македонија

Академија Пандев донесе уште еден „вардарец“ во своите редови

Објавено

на

Македонскиот прволигаш, Академија Пандев го формира составот за продолжението во домашните натпреварувања, па така денеска промовирано е уште едно име и тоа 22-годишниот Марко Мартинага.

Се работи за хрватски интернационалец кој доаѓа од редовите на Вардар иста како што претходно тоа го направи тренерот Александар Васоски. Мартинага игра на позицијата лев бек и досега во кариерата освен за „црвено-црните“ има настапувано за Славен Белупо, Вараждин, Декани, Копривница.

Претходно „пандевци“ ги донесоа Игор Паноски, стоперот Коста Манев, голманот Марко Јовановски и офанзивното крило Николче Шаркоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни