Поврзете се со нас

Македонија

Академија ФМП се засили со центарот Атанасов

Објавено

на

Составот на Академија ФМП го донесе првото засилување за наредната сезона и тоа е 24-годишниот Теодор Атанасов.

Се работи за центар кој минатата година настапуваше во дресот на Куманово и имаше просек од 12.5 поени и 6 скокови по натпревар. Неговите квалитети одлично му се познати на новиот тренер Александар Петровиќ со оглед на тоа што заедно соработуваа во Куманово.

Во својата досегашна кариера Атанасов има играно уште за Војводина и Алое Плус Ланзароте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни