Поврзете се со нас

Македонија

Академија ФМП немаше сили за втора сензација, МЗТ прв патник во големото финале

Објавено

на

Академија ФМП вчера го шокираше и изненади Пелистер на стартот на завршниот турнир во кошаркарскиот Куп, но денеска немаше сили за втора сензација и беше надиграна од далеку поискусниот и денеска подобар тим.

МЗТ Скопје Аеродром ја доби полуфиналната битка со „академците“ и со убедлива победа од 92:72 осигура ново финале во Купот на Македонија, без оглед на тоа што имаше доста бавно влегување во мечот.

Аеродромци успеаја да се консолидираат и наметнаа свое темпо кое го диктираа до крајот на првото полувреме, во кое веќе си обезбедија солидна позитива од плус 10, која во продолжение и ја надополнија.

МЗТ ги реши сите дилеми околу победникот во третата четвртина во која стигна до предност од 69:48, па така последниот период беше комплетно рутински и само ни го одреди конечниот резултат кој гласи 92:72.

Андреја Бојиќ со 18 поени беше најдобар поединец кај победничкиот тим, Кристијан Николов уфрли 4 поени помалку, а двоцифрени со 11 поени беа уште тројца играчи кај МЗТ, Олуџоби, Карачиќ и Крстевски. Во поразениот тим, кај Академија ФМП посебно се истакна Стефан Крстајиќ со 29 поени зад своето име.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни