Македонија
Академија ФМП конечно победи, вториот тим на МЗТ испадна во втора лига

Академија ФМП не е во опасност за испаѓање од елитата, но денеска конечно запиша прва победа во плејаутот и го скрши мразот кога е во прашање оваа фаза од сезоната.
Во дуелот со Работнички, „академците“ ставија крај на серијата од четири порази и победија на гостувањето со 87:92, триумф кој се решаваше во последните секунди од возбудливата пресметка.
Кошанин со тројка го сврте мечот во корист на гостите, а Бакоч стави точка на победникот и ги реши сите дилеми околу тоа кој ќе ги освои бодовите.
Инаку, најефикасен играч на мечот беше Тодоровски со 32 поени, додека во поразениот тим се истакна Балмазовиќ со 27 поени.
На останатите два натпревари, Куманово со победа од 97:78 го испрати вториот тим на МЗТ во втора лига, додека Ангели славеше над Кожув со 78:68.
-
Шпанијапред 7 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 10 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Шпанијапред 5 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ