Поврзете се со нас

БИБЛ лига

Академија ФМП ја отвори БИБЛ сезоната со триумф над Куманово

Објавено

на

Навико Академија ФМП го победи Куманово во македонската пресметка во првото коло од новата сезона во кошаркарската БИБЛ лига (59:63).

Македонските екипи одиграа дуел во кој ниту еден од тимовите не се одлепи резултатски, а имаа и голем проблем со реализацијата.

Куманово на полувреме водеше со 31:29, во меѓувреме имаше неколку промени на водството, а во финишот подобро се снајде тимот на Навико Академија ФМП за конечни 59:63.

Темелковски со 14 и Крстајиќ со 13 поени беа најефикасни во редовите на победничката екипа, додека кај Куманово, Холмс реализираше 15 поени.

Третиот македонски претставник во БИБЛ ќе го има својот прв настап на 20. октомври и тоа против Сигал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни