Поврзете се со нас

Македонија

Академија ФМП го победи ТФТ и избори место во кошаркарскиот плејоф

Објавено

на

Кошаркарите на Академија ФМП го победија ТФТ како гости со резултат 65:77 и на тој начин го резервираа последното место кое води во плејофот на македонската кошаркарска лига.

ФМП доминираше во вториот и третиот период и на тој начин ја обезбеди победата и со ефект 11-11 се избори за пласман меѓу најдобрите осум и сигурен опстанок во најквалитетната лига.

Крстајиќ со 34 поени повторно беше предводник на Академија ФМП и му пресуди на ТФТ на оваа средба, додека кај домашниот состав се истакна Митревски со 18 поени.

Претходно, Работнички го победи вториот тим на МЗТ со 84:77, па по овој заостанат натпревар стигна на делба на второто место со ефект 15-6.

Питс се истакна со 32 поени во редовите на победничката екипа, а кај МЗТ Скопје Уни Банка, Митевски реализирал 17 поени.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни