Поврзете се со нас

НБА

Ајверсон откри како Џордан го дочекал во НБА лигата: Никогаш тоа нема да го заборавам

Објавено

на

Ален Ајверсон своевремено важеше за еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата, играч кој влезе на големата сцена во 1996 година како прв пик на драфтот од страна на Филаделфија 76.

Набрзо Ајверсон доби можност да игра против многу ѕвезди, а дефинитивно најголема, најдобра беше Мајкл Џордан. Џордан изминатиод период е многу актуелен поради документарецот „Последниот танц“, па во целата таа приказна се поклопува и изјавата на Ален за првата негова средба со легендата на Чикаго Булс во 1996 година.

-Првпат кога зборував со него беше таа година, во мојот прв меч како дебитант против него. Никогаш нема да го заборавам затоа што дојде и ми кажа: Како е мала кучко? Никогаш нема да заборавам, -истакна Ајверсон кој во кариерата не усвои ниту една НБА титула.

Таа средба Чикаго убедливо ја доби, Џордан имаше 27 поени, 5 асистенции и 2 скокови, додека рукито Ален заврши со 15 кошеви, 4 скокови и 2 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни