Поврзете се со нас

Италија

Ајнтрахт остана без главната ѕвезда за дуелот со Реал, Германците му договорија трансфер во Јувентус (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Eintracht

Јувентус имаше ужасна контролка против Атлетико Мадрид изминатиов викенд и на најлош начин се подготви за новата сезона во Серија А, која Макс Алегри ќе ја започне со доста повредени фудбалери и доста прашалници околу конечниот тим со кој ќе располага.

Она што е сигурно, тренерот на Јувентус ќе може да смета на крилниот фудбалер кој Јуве го меркаше цело лето, а кој утрово и официјално е договорен по напорните преговори со Ајнтрахт Франкфурт.

Филип Костиќ нема да отпатува со тимот на Ајнтрахт во Хелсинки и нема да игра против Реал Мадрид, бидејќи двата клуба го договориле неговиот трансфер во Торино.

Најдобриот играч во Лигата на Европа минатата сезона блескаше во дресот на Ајнтрахт, па сега српскиот репрезентативец ќе му прави друштво на Душан Влаховиќ во Јувентус.

Сите угледни новинари од Германија ја пренесоа информацијата дека Костиќ нема да биде дел од тимот на Ајнтрахт против Реал и дека последниот меч го одиграл против Баерн Минхен изминатиов викенд, а клубот за неговиот трансфер ќе добие 17 или 18 милиони евра.

Веста за напредните преговори со Јувентус ја потврди и самиот клуб со официјално соопштение, во кое се вели дека решиле да му ја исполнат желбата на фудбалерот по неверојатната сезона која ја имаше лани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни