Поврзете се со нас

Германија

Ајнтрахт му дал погрешна мејл на Лацио за да го спречи трансферот на Костиќ

Објавено

на

Филип Костиќ беше важна трансфер цел за Лацио, но италијанскиот клуб налетал на неочекуван отпор од страна на Ајнтрахт Франкфурт.

Српскиот фудбалер беше блиску до преселба во Рим, но италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио тврди дека Ајнтрахт намерно го спречил трансферот.

За да го спречи Костиќ, бундеслигашот му дал погрешна мејл адреса на Лацио, па италијанскиот клуб испраќал мејлови со своите понуди на погрешна адреса.

Агентот на Костиќ, Фали Рамадани, ја открил измамата и го информирал Костиќ, кој одбил да тренира со Ајнтрахт и го пропуштил дуелот со Арминија.

Иако Лацио на крајот испратил официјална понуда на вистинска адреса, трансферот не беше реализиран.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни