Поврзете се со нас

Италија

Ајнтрахт го заврши својот дел, познато е кога Костиќ ќе пристигне во Торино

Објавено

на

Foto:twitter.com/Eintracht

Филип Костиќ наскоро ќе стане нов фудбалер на Јувентус, а иако неговото пристигнување во Торино се очекуваше денеска, истото е одложено за утре.

Зафатеноста на Ајнтрахт со Суперкуп дуелот со Реал Мадрид ги одолжи административните задачи кои требало да ги заврши бундеслигашот, но веќе нема причина за задржување на Костиќ во Франкфурт.

Медиумите најавија дека утре наутро фудбалерот ќе пристигне во Торино и потоа ќе ги мине и задолжителните лекарски прегледи.

Костиќ ќе биде уште засилување за Јувентус за новата сезона, а со оглед на тоа што веќе настапуваше во првото бундеслигашко коло, се наоѓа во солидна форма и ќе може веднаш да се стави на располагање на тренерот Макс Алегри.

Јувентус претходно ги обезбеди потписите и на Бремер, Ди Марија и Погба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни