Поврзете се со нас

Германија

Ајнтрахт го уништи Вердер со голови од прекини (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Ајнтрахт Франкфурт издвојуваше висока победа од 3-0 на вечерашното гостување кај Вердер Бремен во рамките на Бундеслигата.

Мрежите мируваа еден час по што избраниците на Хутер ја преземаа иницијативата и трипати ја начнаа мрежата на домаќинот за убедлива победа. Првиот погодок беше дело на Андре Силва кој го искористи центаршутот на Костиќ и со глава ја смести топката на посакуваното место.

Потоа на сцена стапи резервистот Илсанкер кој само што влезе во игра даде гол за 2-0, односно по само 17 секунди минати на теренот што е најбрз даден погодок за еден играч кој влегува од клупата од сезоната 2004/2005 кога е во прашање Бундеслигата.

Истиот играч по уште еден прекин во 90 минута го постави конечниот резултат.

Ајнтрахт сега има 35 бодови, додека Вердер останува на 25 и го очекува грчевита битка за опстанок во елитната конкуренција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни