Поврзете се со нас

Лига Европа

Ајакс преживеа фудбалски пекол во Амстердам и се пласираше во осминафиналето (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AFCAjax

Ајакс преживеа вистински пекол во фудбалска смисла на зборот, но тимот од Амстердам остана сплотен и посилен од сите непријатности кои ги доживеа, па на крајот со многу мака се пласираше во осминафиналето во Лигата на Европа.

Иако се чинеше дека „копјаниците“ ќе имаат само рутинска задача откако го победија Унион Ројал со 0:2 во Брисел, натпреварот во Холандија доби сосема неочекуван тек, не само поради брзиот гол на гостите, туку и поради црвениот картон на Класен.

Играчот за врска ги остави соиграчите на цедило уште во 25-та минута, но до тој момент гостите веќе водеа со 0:1 со голот на Мак Алистер, па беше јасно дека пред Ајакс е екстремно тешка задача.

Истата стана уште посложена откако Унион Ројал погоди од пенал за 0:2 во 28-та минута, па иако голот на ДАвид иницираше голема серија напади на Белгијците, резултатот не се менуваше до крајот на првиот дел.

Ајакс се предодреди да игра повлечено и да чека шанса на контри, а со таква тактика го дочека крајот на регуларните 90 минути, по што се пристапи по дополнителни 30.

Во овој дел, домаќините успеаја да постигнат гол преку Тејлор од белата точка, нешто што се покажа како клучен момент за победа и пласман во осминафиналето во Лига Европа.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни