Свет
Ајакс победи после три месеци, навивачите не потфрлија по последниот судиски свиреж (Видео)

Ајакс денеска го одигра заостанатиот натпревар од третото коло во првата холандска Ередивизија, а навивачите на овој фудбалски великан конечно се израдуваа на една победа после пауза од три месеци.
„Копјаниците“ до денеска беа на дното на табелата со само пет освоени бода, но триумфот над Волендам ги носи над сигурната зона и ќе им донесе малку мир по турбулентниот период.
Ајакс успеа да слави на домашен терен и фановите конечно се израдуваа на еден триумф на „Јохан Кројф арена“, чувство кое последен пат го доживеаја на почетокот на месец август во воведното коло.
Домашниот тим денеска издоминира во секој поглед и сосема заслужено стигна до вторите три бода во сезоната, а најзаслужни за тоа беа Бергвајн и Акпом.
Со победата, Ајакс се искачи на 15-то место на табелата и има исто бодови како Витезе, но и одиграно и натпревар помалку.
🇳🇱❤️ Ajax fans and players celebrate a long awaited victory! 2-0 win tonight vs FC Volendam. pic.twitter.com/lX98E6PC75
— EuroFoot (@eurofootcom) November 2, 2023
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 13 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари