Поврзете се со нас

Свет

Ајакс им воведе несекојдневна забрана на своите навивачи

Објавено

на

Ајакс во драматичен натпревар го загуби првиот трофеј во сезоната, откако холандскиот првак во Суперкуп финалето беше совлададан од ПСВ со резултат 3:5.

Ерата пост-Тен Хаг започна со пораз од лутиот ривал и мало незадоволдство меѓу навивачите, кои денеска беа известени за една несекојдневна новост на „Јохан Кројф арена“.

Ајакс преку официјално соопштение им порача на своите навивачите дека во иднина нема да сметам да внесуваат банери со натписи за подарување на дресови, бидејќи таквиот тренд всушност им носи само негативец публицитет на фудбалерите.

Поради се поголемите барања кои доаѓаат од трибините, ѕвездите на Ајакс не можат да одговорат на голем дел од нив, па поради тоа играчите често знаат да бидат наречени арогантни и некултурни.

За да се избегнат вакви ситуации, Ајакс им забрани на навивачите на внесуваат вакви натписи на „Јохан Кројф арена“ во иднина, без оглед на разочарувањето кое ќе се јави кај најмладите следбеници на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни