Поврзете се со нас

Лига Европа

Ајакс и Марсеј приредија спеткакл во дербито во ЛЕ, Брајтон загуби на европското деби

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialBHAFC

Ајакс и Олимпик Марсеј не ги разочараа фановите, па дуелот на поранешните европски шампиони во Лига Европа заврши со резултат 3:3.

Домашниот тим имаше и предност од два гола, но Олимпик успеваше да се врати во натпреварот, а на крајот беше и поопасен по голот на холандскиот претставник.

Форбс и Бергхуис донесоа водство од 2:0, Клаус и Обамејанг го вратија гостинот во почетна позиција, а Тејлор во вториот дел донесе нова предност за составот од Амстердам. Искусниот Обамејанг со својот втор погодок ги постави конечните 3:3 во 78. минута, а оттогаш не видовме и седми гол, па Ајакс и Олимпик ја стартуваа групната фаза со по еден освоен бод.

Брајтон загуби на своето деби во европските купови и тоа од АЕК на домашен терен (2:3).

Избраниците на Роберто Де Ѕерби не успеаја да ги израдуваат домашните фанови на дуелот од Лига Европа, АЕК два пати поведуваше, а домаќините возвраќаа, а решавачкиот гол го постигна Понсе во 84. минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни