Поврзете се со нас

Свет

Ајакс го понижи Венло и постави нов холандски рекорд

Објавено

на

Холандски Ајакс го победи Венло како гостин со 13:0 и постави нов рекорд за најубедлива победа во домашното првенство.

Гостите од Амстердам беа големи фаворити за победа на оваа средба, но никој не очекуваше дури тринаесет погодоци во мрежата на Венло, кој од 52. минута имаше и фудбалер помалку на тренерот.

Серијата голови ја отвори Екеленкамп во 13. минута, најмногу се истакна Траоре со пет голови и три асистенции, а во листата на стрелци се запишаа и Тадиќ, Антони, Блинд, Хунтелар и Мартинез.

Фудбалерите на холандскиот великан упатиле вкупно 45 удари кон голот на Венло, од кои 23 завршиле во рамките на голот.

Со овој триумф, Ајакс го собори сопствениот рекорд за највисока победа во холандската прва лига, а тоа беше триумфот над Витесе со 12:1 од 1972 година.

Девет од тринаесет голови беа постигнати во вториот дел, а со оваа победа Ајакс стигна до петтата победа во шест одиграни натпревари во холандскиот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни