Аимар со неверојатни комплименти за Лео: Меси секое утро се буди со една помисла

aimar-mesi

Пабло Аимар пред извесно време стави крај на својата играчка кариера со проштален меч во Аргентина, а покрај неверојатните квалитети кои ги прикажуваше во дресот на Валенсија во првите неколку години од минатата декада, феноменалниот Аргентинец ќе биде запаметен и по тоа што му беше голем идол на фудбалерот кој прерасна во еден од најдобрите во историјата, Лионел Меси.

Лео секогаш велел дека пример на кој се угледувал во своето детство бил токму неговиот сонародник Аимар кој како голем талент на Ривер Плата потоа блесна во дресот на Валенсија, а во тоа време, тимот од „Месталја“ стана шампион во Примера и во тоа време важеше за еден од најдобрите клубови во Европа. Како што на времето Меси уживал во игрите на Аимар, така сега популарниот „Паблито“ ужива во мајсториите и магиите на капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, а последната изјава која ја даде за него доволно ни отсликува колку големо мислење има Аимар за најголемата ѕвезда на Барселона.

– Лео се буди секое утро со јасна помисла. Едноставно знае дали ќе победи или не. Во фудбалот секогаш се зависи од вашите соиграчи, освен ако не сте Меси. Тој одлучува 9 од 10 натпревари, тој одлучува како ќе заврши натпреварот, каде ќе му направат прекршок за да добие слободен удар. Сигурно дека ќе дојде денот кога нема да биде толку добар, но Аргентина не треба да стравува, има многу добри играчи. Кога играте со Меси, едноставно постојано топката ја додавате до него, и самата топка го бара Меси. Колку побрзо му ја дадете, толку подобро. Овој актуелниот што го гледаме е најдобриот Меси. Со Барса на Пеп постојано правеше нешто интересно со топката, но сега одлучува подобро и од тогаш. Денот кога на „Бернабеу“ го извади дресот, Барса беше во лоша форма, а Меси, со својата прва топка, го изремети Касмиро и направи неколку неверојатни потези на средината. Тогаш беше јасно дека тој ден ќе го направи она што ќе посака, – порачува Аимар во ексклузивното интервју за „Марка“.

Facebook Коментари