Поврзете се со нас

Шпанија

Агуеро застана во одбрана на стратегот: Чави ја има Барса во неговата ДНК

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона за кратко време доживеа нов удар, па така откако доживеа болен пораз од Реал Мадрид во финалето на Супер Купот, вчера доживеа елиминација и од Копа Дел Реј.

Атлетик Билбао им застана на патот на каталонците и тоа со два гола во продолженијата на браќања Ињаки и Нико Вилиламс за конечни 4-2 и пласман на баскијците во полуфиналето на ова натпреварување.

Со ово дополнително се зголеми притисокот врз тренерот Чави Ернандес кој се обидува со овој лимитиран тим составен од доста играчи од школата да дојде до резултати кои се на нивото на клубот. Меѓутоа оваа сезона е турбулентна, Барса е жива во две натпреварувања, Примера каде во моментов има сериозен минус зад Џирона и Реал Мадрид и Лигата на шампионите каде ќе биде исклучително тешко да се направи повеќе.

Останува да се види дали актуелниот првак ќе успее нешто да промени, да ја надмине оваа ситуација, а во меѓувреме Серхио Агуеро застана целосно зад сегашниот стратег на каталонците на кого сигурно ми е најтешко со оглед на тоа што потекнува од клубот и најголемите успеси ги имаше токму на „Камп Ноу“.

-Би кажал дека нема да е праведно учинокот на менаџерот да се оценува врз основа на еден резултат. Неговиот тим минатата година ја освои Ла Лига, а игра уште две големи натпреварувања. Како што реков претходно: Чави ја има Барса во неговата ДНК. Тој добро го познава клубот, знае дека има многу пред него и го има вистинскиот тим за да ги оствари амбициите што ги поставил на почетокот на сезоната, -порача Агуеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни