Поврзете се со нас

Англија

Агуеро за незаборавниот инцидент во историскиот успех: Погледнете го лудакот, тоа е лице на убиец! (Видео)

Објавено

на

Серхио Кун Агуеро е еден од најдобрите напаѓачи кои некогаш заиграле во англиската Премиер лига, а добар доказ за тоа се бројките кои ги оствари Аргентинецот како член на Манчестер Сити.

Агуеро е дел од Сити веќе цели девет години, но најдобриот спомен му доаѓа уште од првата сезона, кога „граѓаните“ на луд и драматичен начин стигнаа до титулата во битката со Манчестер Јунајтед. Токму Кун беше стрелец на голот во судиското надополнување на натпреварот од последното коло против Квинс Парк Ренџерс, а во моменти кога Аргентинецот одлучи да направи своја пародија за незаборавниот меч, навистина импресионираше со излагањето.

Веќе искусниот напаѓач даде повеќе интересни коментари за неколку важни моменти од дуелот со Квинс Парк Ренџерс, но убедливо најкомичен беше коментарот кој го даде за контроверзниот Џои Бартон, играчот кој заработи црвен картон на пресметката.

– Погледнете како ме удира со колено. Бев свртен со грб и не очекував такво нешто. Погледнете го моето лице…….

– Но, погледнете го лицето на лудакот. Ме удри со гнев, погледнете ми го лицето. Но, погледнете го неговото лице, тоа е лице на убиец, – порача Агуеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни