Поврзете се со нас

Свет

Агуеро влезе во војна со Ибрахимовиќ: Сега јас пукам, покажа непочитување…

Објавено

на

Foto:instagram.com/kunaguero

Златан Ибрахимовиќ беше еден од оние кој веруваше дека е запишано Лионел Меси да стане светски шампион, предвидување кое на крајот се оствари со оглед на тоа што Аргентина го крена трофејот во Катар и тоа откако успеа да слави во лудото финале со Франција.

Меѓутоа Швеѓанецот со балкански корени имаше што да каже за Аргентинците, нивното однесување, па меѓу другото им порача дека никогаш повеќе нема ништо да освојат. Ова секако допре до јужноамериканците, па така Серхио Агуеро реши да влезе во отворена војна со напаѓачот на Милан.

-Да се потсетиме дека и ти се однесуваше лошо, нели? Се сеќавам дека игравме против Јунајтед. Бев на клупата. Вие провоциравте, зборувате. Мислам дека пред да се грижиж за Аргентина, треба да се грижиш за твојата земја, играчите кои  не беа ниту присутни на последните Светски првенства. Тие дури и не се квалификуваа, но добро, не знам.

-Се сеќавам кога се поверте со Отаменди во дуелот меѓу Сити и Јунајтед. Се расправаше со Пеп Гвардиола. Претпоставувам дека затоа сакаше да те продаде од Барселона. Покажа непочитување кон моите соиграчи. Уште повеќе, можеби зборуваш и за мене затоа што бев таму. Чувствувам како да ме пукаше и сега јас те пукам. Ние сме светски шампиони, Златан и сакаш да се самоубиеш. Меси е најдобриот во светот, жал ми е, -порачал Агуеро преку Твич, а пренесува „Гол“.

Ибра распали по Аргентинците: Тие веќе нема да освојат ништо, воопшто не сум загрижен за Мбапе! (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни