Поврзете се со нас

Шпанија

Агуеро сподели слика од прошталната вечера во домот на Меси: Секогаш да бидеш ваков! (Фото)

Објавено

на

Лионел Меси ги собра своите соиграчи од Барселона на проштална вечера во својот дом, а тоа го уловија сите угледни шпански медиуми кои застанаа пред куќата на познатиот фудаблски ас од Аргентина.

Досегашниот капитен на Барселона денеска напладне ќе одржи прес-конференција на која ќе даде своја верзија за заминувањето од „Камп Ноу“, но пред да го направи тоа, почувствува потреба да се состане со најголем дел од соиграчите кои во голем број пристигнуваа во неговиот дом.

Речиси сите првотимци веќе му испратија искрени пораки преку социјалните мрежи, но доцна во ноќта се јави и Кун Агуеро кој пристигна во Барселона за да игра со Меси, а сега мора да се помири со фактот дека Лео си оди од клубот после 20 години.

Агуеро преку своите портпароли демантираше дека побарал да си замине од Барселона поради ситуацијата со Меси, на кого како добар пријател од детството сега му посака многу среќа со слика од неговиот дом во Каталонија.

– Ти посакувам се најдобро во она што ти претстои пријателе. И секогаш биди ваков, со ваква насмевка. Те сакам Лео Меси, – порача Агуеро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Leonel Agüero (@kunaguero)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни