Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Агуеро: Сити ќе мора да го растури главното оружје на Реал

Објавено

на

Серхио Кун Агуеро најавува возбудлив и тесен полуфинален двомеч меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити во Лигата на шампионите, со заклучок дека патникот во финалето ќе се решава за една седмица на „Итихад“.

Аргентинецот во живо го коментираше минатогодишното полуфинале на Твич и остана максилано разочаран од неверојатниот пресврт на Реал, но сега верува дека тимот на Пеп Гвардиола ја научил лекцијата и дека ќе биде многу попретпазлив во клучните моменти.

– Сити сигурно мора да учи од искуствата, особено после она од минатата сезона. Треба да ја научиле лекцијата, особено кога се волку далеку во нокаут фазата. Сигурен сум дека нема да се навраќаат на минатогодишниот меч кога ќе почне натпреварот, сега знаат дека мора да играат најдобро до последната секунда.

– Двата тима се закана еден за друг, не може да гледате само на еден или двајца играчи. Тоа нема да биде паметно за Сити, ниту за Реал. Сепак, ако треба да посочам некого, ќе кажам дека главно оружје на Реал е двоецот Винисиус-Бензема, Сити ќе мора да го растури тоа оружје. Сепак, тоа не е единственото оружје, двата тима имаат многу добри играчи кои можат да направат разлика во секој момент.

– Ова е како финале пред финалето, ваков меч нема да има до крајот. Сити има поголемо искуство после тоа што се случи минатата сезона, а сите знаеме што може да направи Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Ќе биде многу тесно, но верувам дека Сити ќе биде подобар и ќе се пласира во финалето, – вели Агуеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни