Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…

Објавено

на

foto:x.com/aguerosergiokun

Манчестер Сити-Реал Мадрид е најинтересниот пар во плејоф рундата во Лигата на шампионите, пресметка од која „првото полувреме“ ќе го видиме вечерва на „Итихад“ од 21 часот.

„Граѓаните“ имаат проблематична сезона, Реал од друга страна исто не блеска, ама подобро стои од премиерлигашот и токму поради тоа се очекува да биде супер неизвесно до самиот крај. Серхио Агуеро како поранешен играч на Сити и воедно легенда на овој клуб сака успех на англискиот состав, па дури е подготвен да направи луд потег ако четата на Пеп Гвардиола не успее да победи.

-Реал не може да го победи Сити. Ако го победат Сити ќе излезам гол низ улиците на Манчестер, ќе направам салто и ќе ги исечам мадињата, -истакнал Аргентинецот во поткастот Som i Serem FCB, платформа за навивачите на Барселона.

Останува дилема што Агуеро сакал да каже, дали тоа се однесува само на вечерашниот меч или на севкупниот резултат од оваа пресметка.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни