Поврзете се со нас

Англија

Агуеро се извини поради нереализираниот „паненка“ пенал

Објавено

на

Манчестер Сити дозволи целосен пресврт на Челси на домашен терен, а веројатно главен виновник за ваквиот епилог е Серхио Агуеро.

Аргентинецот денеска беше стартер во составот на Пеп Гвардиола, а во судиското надополнување доби можност да постигне гол од пенал.

Искусниот Агуеро реши да ризикува со „паненка“ удар, а обидот заврши очајно, по што Сити остана на минимална предност, која на крајот се покажа дека е недоволна ни за реми.

Популарниот Кун вечерва реши јавно да се извини поради својот потег.

– Сакам да им се извинам на соиграчите, сите во клубот и навивачите поради промашениот пенал. Тоа беше лоша одлука и ја преземам целата одговорност, – напиша Агуеро на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни