Поврзете се со нас

Свет

Агуеро пријави аритмија во пренос во живо и ги исплаши фановите (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/kunaguero

Серхио Агуеро има се поголема популарност на Твич и големата база фанови редовно ги гледа обраќањата на аргентинскиот напаѓач, кој последно имаше емисија со познатата шпанска интернет-ѕвезда, Ибаи Ланос.

Пензионираниот Агуеро без влакна на јазикот говори за разноразни теми од фудбалот преку оваа стриминг платформа, но последното вклучување било и застрашувачко за фановите кои го следеле Аргентинецот.

Имено, Агуеро се пожалил на мини-аритмија за време на преносот во живо и успеал да го извади од колосек и својот соговорник, кој му предложил да ја прекинат емисијата и да се упатат во болница.

Агуеро одбил вакво нешто и му порачал дека ќе го вклучи дефибрилаторот кој му е вграден во организмот, но откако ја завршил емисијата, посетил доктор за да се смири себе, но и фановите.

– Здраво на сите, многу ме прашувате како сум. Не се грижете, тоа беше една глупост… Се е во ред, лекарите ме прегледаа и се е во ред. Бидете мирни, се уште продолжувам на овој свет, – изјави Агуеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни