Поврзете се со нас

Англија

Агуеро посочи зошто би сакал да игра под водство на Клоп: Страшен тренер…

Објавено

на

Foto:instagram.com/kunaguero

Јирген Клоп си заминува од Ливерпул по крајот на оваа сезона со што се става крај на една успешна ера на Германецот на „Енфилд Роуд“.

Клоп успеа да ги издигне „црвените“ на едно друго ниво, да ги направи конкурентни за титули во сезоната сезона и притоа екипата да игра еден офанзивец, енергичен фудбал.

Серхио Агуеро со Манчестер Сити доста време му беше противник на Клоп и Ливерпул, па од свој агол Аргентинецот посочи што со него ќе изгуби клубот, англискиот фудбал, поточно тој посочи неколку причини зошто би сакал да би можел да игра под менаџерската палка на германскиот стручњак.

-Страшен менаџер, Клоп го издигна Ливерпул дозволувајќи му да стане протагонист во Премиер лигата во последните години.

-Тој ги направи поагресивни, поинтензивни во нивниот стил на игра. Пристигнаа нови играчи и Јирген успеа да ги прилагоди на овој офанзивен менталитет. Многу ќе недостига во Премиер лигата… но тој го направи својот избор и наше е да го почитуваме. Секој одличен менаџер ќе ве научи на многу вредни работи. Сигурно ќе беше големо искуство да се игра под Клоп, -порача Агуеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни