Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Агуеро по неверојатниот пресврт на Реал: Добив порака од Меси……

Објавено

на

Серхио Агуеро во живо го коментираше неверојатното полуфинале во Лигата на шампионите, во кое Реал Мадрид уште еднаш покажа зошто е „крал“ на најважното клупско натпреварување во Европа.

„Кралевите“ имаа два голови негатива во вкупен резултат до 90-та минута од реваншот на „Бернабеу“, но потоа постигнаа два гола преку херојот Родриго и се изборија за продолженија во кои последниот збор го имаше Карим Бензема.

Со третиот нестварен пресврт во нокаут фазата оваа сезона, Реал се пласираше во големото финале, а Агуеро на своите следбеници на каналот на Твич откри дека добил порака и од Лионел Меси.

– Само што добива порака од Меси: Немој да се шегуваш будало, ова не е можно….., – гласи пораката која Меси му ја испрати на Агуеро.

– ДА ви кажам нешто, Реал Мадрид тргна по 14-та титула во ЛШ. Реал Мадрид ќе ја освои титулата во Париз. Сите знаеме дека Реал не губи во финале, има се во свои раце за да освои уште еден трофеј. Лошо е што сега Ливерпул може да не остави без титулата во Премиер лигата. Ова е тежок удар за нас, – порача Агуеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни