Поврзете се со нас

Англија

Агуеро објасни зошто Ван Дајк е најдобриот стопер на светот

Објавено

на

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Кун Агуеро се отвори за битките со Вирџил Ван Дајк и воедно објасни зошто тој е еден од најдобрите централни дефанзивци на светот.

Ван Дајк веќе подолго време е на големата сцена, ама неговите настапи почнаа со внимание да се следат од 2018 година кога се пресели во Ливерпул каде со неговото влијание, квалитет, лидерство им помогна на „црвените“ да бидат конкрентни и освојуваат титули во повеќе натпреварувања.

-Сите знаеме дека Ван Дајк е еден од најдобрите стопери на светот. Тој е силен, висок, има неверојатно тело. Тој е многу силен лице во лице, игра со своето тело. Исто така, со оглед дека е толку висок, тој ги има тие долги нозе. Изгледа како да не е брз, ама поради долгите нозе може секаде да стигне. Два чекори од него се 50 за мене! Она што најмногу ми се допаѓа е начинот на кој тој е толку паметен кога се брани.

– Тој не е вознемирен кога се брани, многу е внимателен и трпелив. Со тоа ја отежнува работата на многу напаѓачи. Во мојот случај, јас сум прилично брз и сакам да дриблам, затоа сакам дефанзивецот да дојде. Ама ако ме задржи може да добие помош од друг дефанзивец. Тој е многу добар во ова, -истакна Аргентинецот кој важи за еден од најдобрите напаѓачи на светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни