Агуеро нападна соиграч од репрезентацијата: Ако мене ми го направеше тоа, ќе го чекав во тунелот! (Видео)

aguero-argentina

Серхио Кун Агуеро одработи едно подолго интервју за домашната телевизија „Тик Спортс“ која пред неколку дена опширно го испрашуваше и Лионел Меси, а иако првично во фокусот се најде изјавата која ја даде напаѓачот за Манчестер Сити за својот славен сонародник и добар пријател, новиот шампион во Англија даде и една жестоката изјава наменета за еден негов соиграч од репрезентацијата.

Агуеро го нападна Папу Гомез од Аталанта кој беше постојан член на репрезентацијата за време на квалификациите за Светското првенство, од едноставна причина што направи еден ризичен потег на последниот меч кој го одигра изминатиот викенд. На пресметката меѓу Аталанта и Милан, Гомез имаше еден невнимателен потег и го удри сонародникот Лукас Билја со колено во задниот дел од телото, а играчот за врска на Милан реагираше бурно бидејќи самошто се врати на терените  од повреда на грбот.

Капитенот на Аталанта на крајот не се најде во поширокиот список на Сампаоли и брзо му се извини на Билја за својата лоша реакција, но Агуеро вели дека има среќа што не му го направил тоа на него, бидејќи работата нема да минела толку лесно.

– Сосема нормално е тоа што Билја реагираше нервозно. Ако Гомез налеташе така на мене, ќе го чекав во тунелот. Секој човек е свој и има свој карактер, јас лесно ги губам нервите, – признава Агуеро.

Facebook Коментари