Поврзете се со нас

Свет

Агуеро јавно покажа каков подарок и честитка добил од Меси: Немало потреба од толку труд…. (Видео)

Објавено

на

Серхио Кун Агуеро и Лионел Меси се пријатели од најрана возраст и заедно ги минаа сите генерации во фудаблската селекција на Аргентина, но во овие тешки времиња, и тие единствено комуницираат преку социјалните мрежи и приватни пораки.

Напаѓачот на Манчестер Сити вчера наполни 32 години, а бидејќи во последно време е исклучително активен на стриминг платформата „Твич“, им ги покажуваше на фановите подароците кои ги добил.

Агуеро стана вистински хит со своита комични обраќања на оваа платформа во оваа неочекувана корона ера, но дефинитивно посебно импресионираше со зборовите кои му ги посвети на својот добар пријател.

Кун буквално го истрола Меси за поклонот и честитката која му ја испратил по повод 32-от роденден, нагласувајќи му дека немало потреба да троши толку зборови.

– Добро, сега ќе ви покажам што ми напиша Лео. Не можам да опишам колку ми е мило што толку си се потрудил, навистина вложил голем напор. Ќе го прочитаме заедно зошто навистина се потрудил, ми посветил цел тестамент. Невозможно е како напишал толкаво нешто, – иронично порача Агуеро.

– „Среќен роденден дете, многу те сакам“. Всушност јас го викам дете и ова што го напишал е премногу, – низ смеа заврши Агуеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни