Агуеро го оперираше коленото и си постави една основна цел

serhio-aguero-893289328

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро објави дека заздравува по успешната операција на неговото колено.

Аргентинецот го пропушти натпреварот против Тотенхем кој Сити го доби со 3:1, а негов последен настап за „граѓаните“ беше против Ливерпул во рамките од Лигата на шампионите кога доби шанса во 66. минута од средбата.

Менаџерот на  Сити, Пеп Гвардиола минатата недела изјави дека се надева дека 29 годишниот напаѓач ќе биде подготвен за последните средби од сезоната, што значи дека ќе биде подготвен и за почетокот на Светското првенство во Русија.

-Во моментов заздравувам од артроскопија на моето колено. Целосно сум мотивиран да се вратам на терените наскоро- напиша Агуеро на својот Твитер профил, навестувајќи дека се уште може да биде подготвен за настап на мундијалот каде треба да биде важен играќ за Аргентина.

Facebook Коментари