Поврзете се со нас

Свет

Агуеро го облече дресот на Сити и ги загуби нервите на ревијален меч во Америка (Видео)

Објавено

на

Кун Агуеро мораше да се пензионира во 2021-ва година како последица на срцеви проблеми кои му се јавија во Барселона, но од стартот на оваа година, Кун почна да се активира откако доби зелено светло од лекарите.

Неговата здравствената состојба сега дозволува да има и поголем напор, а Агуеро изминативе денови го носеше дресот на Манчестер Сити на турнир „7 на 7“ кој се игра во Америка.

Аргентинската фудбалска ѕвезда потсети на својот голгетерски инстинкт со неколку добри завршници, но на турнирот го покажал и својот јужноамерикански темперамент.

Агуеро влегол во пожестока конфронтација со еден противнички играч откако истиот остро стартувал над него, па видеото од нервозниот Кун брзо се рашири на социјалните мрежи.

Кун беше компетитивно настроен на секој натпревар кој го играше во професионалната кариера, но очигледно истото се случува и на ревијални натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни