Агуеро доживеа голема незгода пред тренингот на Сити (Фото)

kun-wolves

Серхио Кун Агуеро беше поштеден од селекторот Скалони за пресметките со Германија и Еквадор поради проблеми со мала повреда, но денеска самиот се ставил во ситуација да се најде во уште поделикатна ситуација, откако имал голема незгода пред пристигнување во тренинг комплексот на Сити.

Аргентинскиот напаѓач задоцнил на предвидениот тренинг од страна на Пеп Гвардиола, а причина за тоа бил фактот што неговиот „Рејнџ Ровер“ вреден 150 илјади фунти заработил поголема штета по сообраќајна незгода. Кун кој според информациите не бил директно виновен за инцидентот излегол неповреден од несреќата, по што ги информирал луѓето на клубот за случката која го оневозможила навреме да стигне на закажаното време.

По пристигнувањето во тренинг центарот, било заклучено дека Агуеро нема никаква последица од ударот, па во продолжение им се придружил на своите соиграчи кои се подготвуваат за дуелот со Кристал Палас во Премиер лигата.

Facebook Коментари