Поврзете се со нас

Англија

Агуеро долови како функционира мозокот на Гвардиола: Тоа е неверојатно

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Серхио Агуеро ги освои сите поголеми титули во Манчестер Сити и се претвори во вистинска легенда на овој клуб, но во својата завршна етапа на „Итихад“, имаше можност да соработува и со еден од најголемите тренери на сите времиња.

Иако повремено имаше и мали недоразбирања со Пеп Гвардиола, почитта која ја чувствува кон Шпанецот е нешто што се издвојува од се останато, па во таа конотација оди и неговата изјава дадена во ексклузивниот разговор за ФИФА.

Агуеро го опишува Гвардиола како роден победник и перфекционист кој никогаш не сака да губи, но доста интересен е делот во кој се обидува да долови како функционира мозокот на шпанскиот стручњак.

– Гвардиола никогаш не одмора и тоа го доживав со мои очи. Секогаш гледа три натпревари нанапред, неговиот мозок е како перфектен календар. Еднаш му поставив прашање за тим со кој требаше да играме за две недели, а тој ми возврати со анализа и нагласи дека веќе се му е испланирано.

– Тој не си ја сфаќа работата како да е нешто обично, тоа го прави поразличен од другите. Во секоја работа влегува со голема страст и секогаш сака да победува. Ако не победи, тогаш се лути, но се лути многу. Тој прави се за Сити да биде фаворит на секој натпревар, а најдобро кај Пеп е што неговите екипи секогаш имаат ист идентитет. Иако некогаш губат, од стилот не се отстапува. Не се оддалечува од суштината и тоа никогаш нема да го направи.

– Секогаш оди на победа со офанзивен фудбал и со агресивен пристап во нападот, имајќи ја топката во свој посед. Други тренери сакаат нивните тимови да победуваат и кога ја немаат топката, но Гвардиола никогаш не отстапува од својот идентитет, без разлика кој е ривалот. За мене тоа е огромно достигнување во кариерата на еден тренер, – потенцира Кун.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни