Поврзете се со нас

АТП

Агресивниот Шварцман го надигра ранливиот Надал и закажа полуфинале во Рим

Објавено

на

Рафаел Надал беше апсолутен фаворит во дуелот со Диего Шварцман во четвртфиналето, особено откако во првите две рунди не им даде никаква шанса на своите ривали Карењо Буста и Душан Лајовиќ.

Сепак, светскиот рекет број два вечерва доби навистина тежок испит, а истиот не го положи во ситуација кога не делуваше баш најдобро на теренот. Надал ја немаше потребната свежина од првите два меча во Рим, но за разлика од него, Шварцман беше максимално агресивен и сосема заслужено се израдува на голема победа.

Аргентинецот ја доби битката која траеше нешто повеќе од два часа во италијанската престолнина, покажувајќи дека е во добра форма и подготвен за надиграување на земјена подлога која всушност е и негова омилена.

Шварцман речиси да не погреши во првиот сет кој го доби со 6:2, но иако Надал даде многу поголем отпор во вториот, на крајот тој беше оној што попушти и кој го претрпе првиот пораз во дуелите со малиот Аргентинец.

По девет последователни порази, Шварцман ја забележа првата победа против Рафа откако го доби вториот сет со 7:5, па сега во полуфиналето во Рим ќе игра против Шаповалов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни