Поврзете се со нас

Шпанија

Агире со инсајдерска информација: Двајца „тешкаши“ на Реал имале жесток клинч по поразот од Арсенал (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид ги преживува најтешките и најтензични денови од стартот на сезоната, а како што открива добро информираниот новинар Еду Агире од емисијата „Ел Чирингито“, сето тоа резултирало и со жесток клинч на тренингот на Реал Мадрид.

Човекот кој педантно ги следи сите случувања во „кралскиот клуб“ е познат како страствен фан на Реал Мадрид, а бидјеќи тоа му носи и добри конекции со луѓе од внатрешноста на клубот, сега реши да сподели една информација која ја добил по победата над Алавес.

Имено, подготовките за гостувањето во Виторија не минале без тензија поради тешкиот пораз од Арсенал во Лигата на шампионите, па на петочниот тренинг дошло до пожесток дуел и караница меѓу двајца „тешкаши“.

Агире открива дека Џуд Белингам и Антонио Ридигер имале пожесток дуел и си размениле неколку лоши зборови, пред да бидат разделени од останатите соиграчи кои биле најблиску до нив.

Еду додава дека целата ситуација не добила продолжение и двајцата си подале рака по крајот на тренингот, што според него е сосема нормален епилог и развој на настаните после болниот пораз од Арсенал.

Реал вчера го победи Алавес со 0:1, а од денеска ги почнува тренинзите за реваншот со Арсенал кој се игра на „Бернабеу“ во среда.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни