Поврзете се со нас

Италија

Агентот на Жоржињо излезе со свој став за најавената голема размена меѓу Челси и Јувентус

Објавено

на

Жорже Луиз Фрелјо, или во фудбалската јавност најпознат само како Жоржињо е играч кој фудбалски експлодираше во Наполи под водство на Маурицио Сари, а поради блиската врска со италијанскиот стручњак, пред две години направи трансфер во Челси.

Жоржињо брзо се претвори во клучен играч на Сари во системот во Челси, а како двоец кој одлично соработува, италијанските медиуми сега најавуаат дека Бразилецот со италијански пасош е главна мета на актуелниот тренер на Јувентус како избор во средниот ред.

Јувентус не успеа да ги реши проблемите во средината со трансферите на Рабио и Рамзи, па бидејќи се најавува и заминување на Пјаниќ, повеќе од јасно е дека „старата дама“ ќе мора да ангажира играч кој добро го познава италијанскиот фудбал. Жоржињо е на врвот на листата и Италијаните вчера најавија можна размена меѓу него и Бернардески, операција за која сега коментар даде и агентот на фудбалерот.

– Слушам за овие гласини само од весниците. Никој од Јувентус ме нема исконтактирано. Вистина е дека Сари многу го почитува Жоржињо, како играч, но и како личност. Работеа заедно, добро се познаваат, но тоа е се во овој момент, – вели агентот Жоао Сантош и додава.

– Можам да кажам дека играчот е фокусиран на Челси, а не на некаква размена. Продолжи со тренинзите и го чека рестартот на сезоната. Ќе биде многу тешко за Јуве да го купи во овој момент. Трансфер маркетот се промени со пандемијата и Жоржињо има договор со Челси до 2023-та година, а воедно е и актуелен втор капитен на тимот. Сепак, секој што го посакува, треба да преговара со Челси, – заврши агентот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни