Поврзете се со нас

Свет

Агентот на Вајналдум откри кој тим прв испратил понуда за неговиот клиент

Објавено

на

Џеорџино Вајналдум по крајот на Европското првенство и официјално ќе ја започне новата авантура со ПСЖ, тим за кој потпиша пред неколку денови.

Холандскиот репрезентативец беше многу блиску до транфер во Барселона, но во последен момент во игра влета тимот на ПСЖ кој понуди подобри финансиски примања за играчот кој од следната сезона ќе го гледаме на „Паркот напринцовите“.

Агентот на фудбалерот од средниот ред сега призна дека прв тим кој го контактирал за ангажман на Вајналдум бил Интер кој покажал заинтересираност уште во јануари.

– Во јануари, Интер покажа голем интерес и Пјеро Аусилио пушти понуда за Џини, но потоа следуваа некои проблеми, Стивен Жанг имаше проблеми да ги донесе парите од Кина, па Интер не беше во можност да ги исполни обврските кои претходно се согласија да ги платат,- изјави агентот на Вајналдум, Ниџман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни